Во 2:32 часот утрово, кобниот момент кој пред точно една година засекогаш го промени градот Кочани и ја зави Македонија во црно, родителите на загинатите и граѓаните застанаа со свеќи во рацете пред изгорената дискотека за да формираат заедништво во болката. Во тој миг, присутните со едноминутен молк им оддадоа последна почит на настраданите.
„Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, се вели во објавата здружението „16-ти март“.
Граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи за да покажат преку светлината дека споменот за прерано згаснатите животи никогаш нема да избледи.
Здружението „16-ти март“ организираше заедничко ноќно бдеење и оддавање почит кон 63-цата млади кои трагично ги загубија своите животи во катастрофалниот пожар.
фотографија и видео: Томислав Георгиев







