1
Граѓаните денеска се собраа на протест на „Партизанска“ во Скопје – бараат правда за младата Фросина од Неготино која беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот.
Во колона граѓаните чекаа ред за да запалат свеќи пред фотографијата на Фросина.
Имаше и транспаренти: „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“; „Не е несреќа, туку убиство“; „Обвинители = соучесници убијци“; „Врските не враќаат човечки живот“.
Граѓаните бараат правда за сите жртви од сообраќајни незгоди.