Јеменските Хути соопштија дека собориле американски дрон МК-9 Рипер над централната провинција Мариб.
Хутите објавија видео на кое се гледа како авионот е погоден со ракета земја-воздух во пустинска област. Само овој месец ова беше трето вакво уривање. По падот, тие направиле фотографии над леталото.
⚡️Yemeni Armed Forces:
Today, we shot down an American MQ9 drone with a locally-made SAM missile in the skies over Marib Governorate, Yemen. pic.twitter.com/2YwMAo1Siv
— Warfare Analysis (@warfareanalysis) May 29, 2024
Се верува дека ЦИА, а не американската војска, летала со беспилотни летала Reaper над Јемен, и за следење на војната и за кампања против Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, пишува АП.
Риперите чинат околу 30 милиони долари по парче. Тие можат да летаат на надморска височина до 15.000 метри и до 24 часа пред да мора да слетаат.
Хутите ги засилија нападите врз бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во последните месеци, барајќи од Израел да ја прекине војната во Газа, во која загинаа повеќе од 36.000 Палестинци.