Хрватскиот музичар Мики Солус ја промовираше својата нова песна ,,У македонском ресторану”, а истата за само неколку дена ја освои нашата публика, и видео спотот се споделува на социјалните мрежи.
Музиката и текстот се на Солус, кој исто така се потпишува и како сценарист и режисер на видеото.
Песната започнува со Александар Македонски, па потоа се спомнуваат Гоце Седлоски, Тоше Проески, Адеми, Мајка Тереза, Горан Пандев, Кирил и Методиј, Кирил Џајковски, Есма, Калиопи, Влатко Стефановски…
Во рефренот се спомнува атмосферата во македонски ресторан, каде пејачка со ботокс пее турбо фолк, се јадат сарми и тавче гравче.
Песната и видеото се во духовит стил, кој е карактеристичен за Солус. Тој е присутен на хрватската естрада околу десеттина години и има неколку авторски албуми зад себе, а исто така компонира и театарска музика.
Вики Клинчарова