По победата на актерот Џони Деп во случајот против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд денеска за прв пат се појави во јавноста и во интервју го коментираше целиот судски процес.
Како што наведе, „неправедната“ пресуда е резултат на „пристрасно претставување на социјалните мрежи“, обвинувајќи го актерот дека се обидел да влијае на поротата, што, според неа, „паднало“ врз неговата глума.
-Дури и ако некој е сигурен дека ја заслужувам сета оваа омраза и гнев, дури и ако мислите дека лажам, сепак, не можевте да ме погледнете во очи и навистина да верувате дека на социјалните мрежи постоеше фер претставување. Не можете да ми кажете дека мислите дека ова беше фер, изјавила Херд во интервјуто во „Тудеј“ на „Ен-би-си њуз“.
Херд, чиј правен тим рече дека планира да поднесе жалба на пресудата, ја обвини и поротата дека ја освоила „одличната глума“ и „саканата“ репутација на нејзиниот поранешен сопруг Џони во јавноста.
-Ќе речам вака, како можеа да донесат суд, за да дојдат до заклучок дека не може да ми се верува? Не ги обвинувам, не ги обвинувам, всушност разбирам, тој е сакан лик и луѓето чувствуваат дека го познаваат. Тој е фантастичен актер. Повторно, како можеа по три и пол недели сведочење за тоа како сум била неверојатна личност и да не веруваат на ниту еден збор што излезе од мојата уста, рече Херд.