(ВИДЕО) Хеликоптерската единица на МВР со 20 тони вода го локализираше пожарот над Катланово

by fokus

Хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици денеска учествуваше во гаснење на пожарот за кој околу 14.30 часот беше пријавено дека настана во атарот на Катланово, во кој беше зафатена нискостеблеста шума и сува трева.

Поради распространетоста на пожарот и отежнатото гаснење на тешко пристапниот терен над Катланово, во координација со Центарот за управување со кризи, МВР го испрати полицискиот хеликоптер Бел 412.

Во повеќе налети од Бел 412 беа исфрлени 20 тони вода и со заеднички координирани напори со останатите тимови на терен, пожарот е ставен под контрола.

Поврзани новости