387
Од МВР информираат дека денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атар на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане, го упати хеликоптерот Бел-212 и дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица.
Оттаму информираат дека се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближувале до куќите.
Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрлил над 20 тони вода.