(ВИДЕО) Хаос во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

by Fokus

Руската полиција приведе маж кој изјавил дека наводно поставил експлозив во трговскиот центар „Лондон мол“ во Санкт Петербург.

Посетителите се евакуирани од трговскиот центар, пренесува „Фонтанка“.

Уапсениот не прецизирал каде точно го оставил опасниот предмет, а објектот во моментов го прегледуваат експерти за експлозиви.

Како што пренесува „Фонтанка“, тоа е снимено од камери за видео надзор поставени во ресторанот. Мажот потоа отишол во продавница и подоцна бил уапсен.

Во трговскиот центар пристигнаа полициски автомобили, Националната гарда и Министерството за вонредни ситуации.

 

Поврзани новости