(ВИДЕО) Хаос во Маџари: На спуштена рампа поминува камион, а воз на крената

by Fokus

Ниту граѓаните не ја почитуваат вертикалната и хоризонталната сигнализација поставена на железничките премини, ниту пак Македонски железници ги почитуваат граѓаните затоа што не си ги поправаат расипаните премини и сигнализација.

Во утринските часови на преминот во населба Маџари, на улицата Перо Наков, автомобили и камиони и покрај спуштената рампа и вклучените семафори кои означуваат дека ќе поминува воз, си поминуваа незагрижени за својата безбедност и безбедноста на оние што чекаат во автомобилите.

За среќа беше избегната несреќа затоа што возот се приближи кон преминот после една до две секунди по поминувањето на камионот.

Вториот проблем се јави кога патничкиот воз од Куманово за Скопје ја намали брзината поради внимателност од несовесни возачи и застана среде премин. Уште не тргнат возот, а рампите се кренаа означувајќи дека возилата можат да се движат по патот. Откако возот тргна и ја ослободи сообраќајницата, совесните возачи продолжија по својот пат без никаква реакција очигледно навикнати секојдневно да ги гледаат во живо грешките на Македонски железници.

текст и видео: Орце Костов

Поврзани новости