Вистинска драма се одвивала денеска во белградскиот јавен превоз, кога две жени жестоко се расправале, а сето тоа поради седиште.
На видеото објавено на страницата на Инстаграм „moj_beo_grad_“ може да се види постара и помлада дама како се расправаат кеси со намирници од продавница кои биле на седиште во автобусот.
„Какво време дојде! Жената ја нападнала бабата затоа што ги чувала кесите на седиштето, а потоа се степале. Линија 25П“, се наведува во соопштението.
Како што може да се слушне на снимката, жените се расправаат, додека во еден момент помладата и ги грабнува чантите од рацете на постарата.
„Остави ми“, вели постарата жена.
Додека едни беа на страната на постарата госпоѓа, други во своите коментари изјавија дека „местото не е наменето за држење торби“, пишува Блиц.