Француската полиција се обидува да ги растера демонстрантите во јужниот град Марсеј, каде што се распоредени дополнителни безбедносни сили. Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат групи полицајци во опрема за немири, некои носат штитови и се движат низ центарот на градот.
Како што јавува Би-Би-Си, полицијата употребила солзавец, додека демонстрантите фрлале камења.
Снимките кои кружат на Snapchat покажуваат дека продавачите на Rue Saint-Ferrol, една од главните трговски области во градот, ги покриваат своите излози со големи дрвени панели. Таа улица е на само седум минути пешачење од местото каде се случи конфликтот меѓу демонстрантите и полицијата.
FRANCE – Marseille. It starts again.
Residents cowering in their homes as their livelihoods are destroyed by those who would bring it all crashing down.
They were welcomed and are now the aggressors.
— Bernie's Tweets (@BernieSpofforth) July 1, 2023