(ВИДЕО) Хаос на протестите во Загреб, демонстрантите спречени да влезат во зградата на ХРТ

by Fokus

Протестот против ковид-потврдите вечерва се пресели од централниот плоштад во Загреб пред зградата на ХРТ, каде отидоа дел од демонстрантите. Тие побараа да разговараат со директорот и да се вклучат на програмата на ХРТ, но интервентната полиција ги спречи да влезат во зградата.

Незадоволни од начинот на кој ХРТ известувала за нивниот митинг во 15 часот на плоштадот Бан Јелачиќ, пред седиштето на телевизијата извикуваа пароли: „Сакаме избори!“, „Референдум и владеење на народот“, „Крадци“, „Предавство“ и „Божјиот закон над сите закони “.

Неколку илјадници луѓе присуствуваа денеска попладне во центарот на Загреб на најголемиот собир против ковид потврдите, а хрватските медиуми јавуваат дека имало и околу 15.000 демонстранти.

За време на протестот нападнат беше телевизискиот репортер од хрватската телевизија РТЛ, група демонстранти на новинарката на Ал Џезеира и го одзеле микрофонот, а на екипата на телевиизијата Нова им биле упатени навреди.

Говорниците на собирот предупредиле дека ковид потврдите претставуваат почеток на отворениот тоталитаризам и порачаа дека нема таква зараза која може да ја загрози Хрватска, како заразата со корупција и криминал.

Тие побараа укинување на ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои не ги поседуваат противуставно и противправно се исклучени од општествениот живот и им се оневозможува да одат на работа, да студираат.

Поврзани новости