(Видео) „Хамас се новите нацисти, тие се уште полоши“, порача Нетанјаху

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешната заедничка прес-конференција со американскиот претседател Џо Бајден, Хамас ги нарече нацисти. Тој му се заблагодари на Бајден, што дошол во неговата земја за време на војна.

„Хамас се новите нацисти, тие се уште полоши од нацистите“, рече израелскиот премиер и нагласи дека Бајден е прв американски претседател кој го посетил Израел „во време на војна“ и неговата посета ја нарече „длабоко трогателна“.

„Светот треба да биде обединет против Хамас. Ве уверувам дека Израел е обединет во борбата против Хамас. Мора да биде победен. Ви благодарам што се со нас и за вашата голема поддршка“ му рече тој на Бајден.

„Со право поставивте јасна линија помеѓу силите на цивилизацијата и силите на варварството и опишавте кои заповеди претставуваат чисто зло. Хамас убива деца пред нивните родители, а родители пред нивните деца. Луѓето беа запалени живи. Силувале и убивале жени. Ги обезглавувале војниците, барале тајни скривалишта каде родителите ги криеле своите деца. Само замислете, господине претседателе, стравот и паниката на тие мали деца во нивните последни моменти додека чудовиштата ги откриваа нивните скривалишта“ рече Нетанјаху.

Поврзани новости