Хамас објави видео на кое се гледаат три лица како заложници во Газа. Засега ништо не се знае за условите под кои е направено видеото, но се чини дека трите жени кои се гледаат на видеото се во добра здравствена состојба, без очигледни знаци на повреда.
Една жена зборува пред камерата низ видеото, критикувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повикувајќи на ослободување на заложниците.
Премиерот Нетанјаху веднаш се огласи, осудувајќи го објавувањето на видеото за трите киднапирани Израелки како „сурова психолошка пропаганда“ од страна на палестинската милитантна група.
„Нашето срце е со вас и со другите заложници. Правиме се што можеме за да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати дома“, рече Нетанјаху во обраќањето до трите Израелки кои Хамас ги држи како заложници.
Како што пишува „Тајмс оф Израел“, трите Израелки се идентификувани како Даниел Алони, Римон Кирхст и Јелена Трупаноб.
Порталот наведува дека нивните изјави на видеото „речиси сигурно ги составил Хамас“.
Hamas military wing publish a recording from Israeli hostages in Gaza, which they claim is addressed to Netanyahu and the Israeli government. pic.twitter.com/UW8sTHbuj5
— Younis Tirawi | يونس (@ytirawi) October 30, 2023