Палестинската милитантна група Хамас му предала на Црвениот крст тројца израелски заложници во градот Деир ал Балар, во централниот дел на Појасот Газа, јавува Ројтерс.
Милитантната група ги ослободи Охад Бен Ами и Ели Шараби, од Кибуц Бери и Ор Леви, од музичкиот фестивал Нова, кој беше нападнат од Хамас на 7 октомври 2023 година.
Се очекува Израел да ослободи 183 палестински затвореници во текот на денот, од кои 18 отслужуваат доживотни казни, 54 отслужуваат долги казни и 111 затворени во Појасот Газа од почетокот на војната.
Theee Israeli hostages on stage prior to handover: pic.twitter.com/oG1SswXzPg
— PalMedia (@PalMediaOrg) February 8, 2025
Тоа е најновата размена во рамките на првата фаза од прекинот на огнот што започна на 19 јануари, а досега се вратени 13 израелски заложници и пет тајландски работници киднапирани за време на нападот на Хамас, како и 583 палестински затвореници.
Преговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот започнаа оваа недела со цел да се донесе конечен крај на војната со враќање на преостанатите заложници и договор за целосно повлекување на израелските трупи од Газа.
3 Israeli hostages appear frail, gaunt and skeletal as they are paraded in Gaza in front of cameras before being transferred to the Red Cross.
— Oli London (@OliLondonTV) February 8, 2025
Вооружени лица предводени од Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи околу 1.200 луѓе и зедоа повеќе од 250 како заложници.
Како одговор, Израел започна воздушна и копнена војна во Газа во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци.