Десетици Палестинци беа убиени или ранети во израелски напад врз шатори во Кан Јунис денеска во кои се сместени раселените жители на Газа, соопшти канцеларијата за медиуми, управувана од Хамас.
Significant Israeli Airstikes this morning near the City of Khan Yunis in Southern Gaza, with Residents saying one of the Strikes felt like an Earthquake. pic.twitter.com/eeMFk43gaj
— OSINTdefender (@sentdefender) July 13, 2024
Израелската војска соопшти дека го проучува извештајот, а Министерството за здравство на Газа сè уште не објави официјален број на загинати.
„Израелската окупаторска армија изврши голем масакр со бомбардирање на шаторските кампови на раселените луѓе во Кано Јунис. Повеќе од 100 луѓе беа убиени и ранети во ужасниот масакр, вклучително и членови на цивилната служба за итни случаи“, соопшти прес-службата на Хамас.
Радиото на израелската армија објави дека цел на армијата бил воениот командант на Хамас Мохамед Диеф во нападот врз Кан Јунис. Военото радио објави дека не е јасно дали тој бил убиен во нападот. Претставник на Хамас рече дека сите жртви се цивили.