Хамас го бомбардираа израелскиот град Ашкелон, за што претходно денеска ги предупредија жителите на овој град, да го напуштат до 17 часот по локално време.
Си-Ен-Ен пренесува во живо дека по истекот на рокот, тие го бомбардирале градот со ракети.
⚡️Video of the rocket launches from Gaza towards Ashkelon pic.twitter.com/f8ubW56Ulx
— War Monitor (@WarMonitors) October 10, 2023
Бригадите Ал-Касам извршија голем ракетен напад со стотици проектили врз Ашкелон, на само десет километри северно од Газа, како одговор на политиката на Израел за раселување на палестинските цивили, јавува палестинската телевизија Ал Акса.
Во соопштението се додава дека доколку не се стави крај на оваа политика, Ал Касам ќе продолжи да го урива Ашкелон, по што ќе продолжи кон уништување на друг град.
Израелските медиуми го потврдија нападот на Ашкелон и прецизираа дека во таа прилика бил погоден хотел на брегот.