629
Екс премиерот, Никола Груевски, е забележан во женско друштво како шета низ плоштад во Будимпешта, пренесе „1ТВ“.
Во меѓувреме се уште трае истрагата на Јавното обвинителство за неговото бегство, а до сега немало одговорност ниту утврдени пропусти кај граничните служби.
Груевски е и од Будимпешта присутен во политичкиот живот откако објави неколку коментари на својот фејсбук профил, а направи и неколку интервјуа за македонски медиуми каде ги коментираше случувањата во земјава.