(ВИДЕО) Грми Палермо, македонски песни ја „разбудија“ Италија

by Fokus

Вистинско шоу прават македонските навивачи денеска во Палермо, пред почетокот на историскиот натпревар на Македонија против домаќинот Италија.

Нашите навивачи го „запоседнаа“ градот и од самиот центар ечат македонски патриотски песни, најавувајќи жешка атмосфера на самиот дуел.

Видно расположени, македонските навивачи вечерва ќе бидат 12-тиот играч за момците на Благоја Милевски, кои ќе се обидат да направат чудо против европскиот првак Италија.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости