812
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, вечерва во Македонскиот народен театар го одржа својот новогодишен концерт со кој прослави и 70 години постоење.
Пред почетокот на концертот беше промовирана и двојазична монографија за ансамблот.
Премиерно беше изведена новата кореографијата „Радовишки собор“ на Јовица Блажевски, претставник на последната генереција кореографи на „Танец“ кој зад себе како автор ги има и веќе добро познатите постановки „Посеље“, „Кумановка“, „Малешевка“ и „Пијанец“.
Ј.Ц.