(Видео) Граѓаните на Србија враќаат оружје и за кое имаат дозвола, велат не им треба

by Fokus

Во Србија е во тек голема акција за предавање на нерегистрираното оружје кое дома го чуваат граѓаните. Оваа акција српските власти ја почнаа по двете масовни убиства, во основно училиште во Белград и кај Младеновац, во кои беа убиени 18 луѓе и беа ранети над дваесет.

Телевизијата „НоваС“ подготви прилог во кој се зборува за граѓаните кои го враќаат оружјето.

Пензионерката Вера Лекиќ, која го предала пиштолот што со децении го чувала во домот, вели дека го користела само кога нејзините деца правеле свадби.

Друг соговорник вели дека неговата сопруга сега го враќа оружјето што го има и покрај тоа што има дозвола за користење, но дека не им треба. Според него оваа мерка на српските власти е одлична

Поврзани новости