(ВИДЕО) Град во Грција по невремето изгледа како да е бомбардиран

by Fokus

Многу куќи беа поплавени, а многу патишта беа тешко оштетени од невремето што зафати делови од Грција.

Во Волос поради невремето „Елиас“ се активираа голем број одрони, а проблеми има и во снабдувањето со струја и вода.

Како што пренесува грчкиот јавен сервис ЕРТ, Волос моментално изгледа како „град кој е бомбардиран“.

На островот Евија многу области се уште се без струја и вода поради штетите предизвикани од излевањето на реките.

Мештаните се обидуваат да ја отстранат калта со трактори и лопати.

Во Тесалија некои училишта се уште работат од далечина бидејќи училниците се поплавени, но во поголемиот дел од училиштата од денеска почнува наставата во живо.

 

Поврзани новости