ВИДЕО Град со дијаметар од 10 сантиметри падна во Словенија и Хрватска

by Fokus

Денеска над Словенија се формирани ќелии од бура кои попладне се движеа кон североисток од земјата, а бурата со обилни врнежи и налети на ветер потоа се движеше во правец на Словенска Бистрица и Птуј.

Во Словенска Бистрица меѓу Целје и Птуј паднале парчиња мраз со дијаметар до 10 сантиметри, објави порталот Неурје.си, а пренесе Индекс.

Невремето од Словенија се пресели во Хрватска, во Вараждинската жупанија, а град падна во Злогоње, Петријанац, Вирје Оток, Цештица, Цветлин, Виница Брега и Горњи Вратна.

Градот падна и во округот Меѓимурје, а градот Лопатинец остана без струја.

Поврзани новости