(ВИДЕО) Гоце Арнаудов ечи во Букурешт, Елмас главен ди-џеј

by Fokus

Со оглед на тоа што се споделува на социјалните мрежи, очигледно дека македонската фудбалска репрезентација има добар помин во Букурешт.

Атмосферата пред мечот со Австрија е на мошне високо ниво, а офанзивецот Елиф Елмас е главен ди-џеј кај националниот тим.

Со огромен звучник во рацете, тој ги развеселува своите соиграчи во хотелот каде што се сместени, а се вртат песни – од странски, до најголемите хитови на Гоце Арнаудов.

Видеото со оваа мини-забава за соиграчите го сподели кондициониот тренер Иван Карас Јовановски и истото можете да го погледнете на овој ЛИНК.

 

Поврзани новости