ВИДЕО Гошев: Повеќе новинари од академици и професори беа храбри во последните 29 години

by fokus

Македонија немаше многу избор во врска со спорот со името, требаше да се проглолта бидејќи стратешката цел е таму. Не треба да експериментираме со безбедносните ризици. Тие понижувања кои и се правеа на Македонија цело време, на крајот се доведовме до ситуација да бидат погорчливи. Имавме посилни противници и Македонија немаше многу избор, рече поранешниот министер за финансии и ексгувернер на НБРМ, Петар Гошев во отвореното студио во 1 со уредничката Јадранка Костова.

Тој истакна дека Македонија сега не треба да се надева на стабилност само затоа што ќе биде членка на НАТО.

„Ако продолжиме внатре проблемите да ги множиме, ние ќе бидеме повторно проблем во поглед на нестабилноста, а има многу фактори што на таа линија работат. Можат да настанат меѓуетнички, меѓуграѓански конфликти. Може земјата да се испразни со темпото како што почнало. Кога немате растечко население, не можете да имате ниту растечка економија. Тоа е едното прашање. Економијата не ги задовлува потребите на граѓаните на минимално ниво. Оваа година економијата ќе има раст над 3 проценти. Ништо посебно да не направи владата, парите кои што влегуваат во државата брзо и ефикасно да ги врати во економијата – истакна Гошев.

Според него, интелектуелаците ќе имаа многу повеќе интегритет ако јавно збореа за сите проблеми во општеството.

„Не може земјата да излезе од криза, ако денес набројам повеќе новинари кои во последните 29 години го вложиле својот интегритет, шиканирани од газдите, тужени од власт, со закани за ќотек, отколку што можам да набројам универзитетски професори и академици на таа линија со тие новинари што можам да ги набројам. Не може тие да се однесуваат како да не се од овде – додаде Гошев.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото:

Поврзани новости