(ВИДЕО) Гори облакодер во Хонг Конг, огнот се шири на околните згради

by Fokus

Голем пожар избувна во еден облакодер во Хонг Конг во популарното трговско подрачје Цим Куја.
Местото на пожарот е опкружено со трговски центар, некои станбени и комерцијални згради и со неколку хотели.

Станбените згради во близина на местото на настанот требало да бидат евакуирани, соопшти полицијата, но властите не објавија колку се загрозени.

Полицијата соопшти дека биле запалени и четири соседни згради, но пожарите биле изгаснати.
Две лица биле однесени во болницата, а локалните медиуми јавуваат дека станува збор за возачи.

Поврзани новости