Во нуклеарната централа Запорожје во Украина забележлив пожар, но и чад што се издигнува кон небото.
BREAKING Fire "on the territory" of the #Zaporizhzhia nuclear power plant in #Ukraine, Zelenskyy says. #Breaking
pic.twitter.com/pA9oyywWmg— Breaking Alerter (@BreakingAlerter) August 11, 2024
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по овој инцидент итно се огласи.
– Од Никопол забележавме дека руските окупатори запалија оган на територијата на нуклеарната централа Запорожје. Во моментов, нивото на радијација е во нормални граници. Но, се додека руските терористи ја држат контролата над нуклеарната централа, ситуацијата не е и не може да биде нормална. Од првиот ден на окупацијата Русија ја користи нуклеарната централа Запорожје само за да ја уценува Украина, цела Европа и светот. Чекаме светот да реагира, чекаме МААЕ (Меѓународната агенција за нуклеарна енергија) да реагира. Русија мора да сноси одговорност за ова. Само украинската контрола над нуклеарната централа Запорожје може да гарантира враќање во нормала и целосна безбедност – рече Зеленски.
Пред тоа, шефот на РВА Никопол, Евгениј Евтушенко изјави дека НЕ во Запорожје работи нормално, а Русите најверојатно изгореле голем број автомобилски гуми во разладната кула.
„Според неофицијални информации добиени од извори од спротивната страна, Русите запалиле големо количество автомобилски гуми во разладната кула на брегот на поранешната акумулација“, рече тој.