(ВИДЕО) Гори магацин за нафта во Русија, дали станува збор за украински напад?

by Fokus

Гори магацин за нафта во рускиот град Белгород, а руските власти сметаат дека станува збор за воздушен напад од украинската армија. На социјалните мрежи се појави видео од пожарот, каде се гледаат густи облаци кои се издигаат кон небото.

Според информациите од Русија, две лица се полесно повредени, а жителите се евакуирани додека противпожарните екипи се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Поврзани новости