Голем пожар избувна во бродоградилиште за нуклеарни подморници во Камбрија, Велика Британија.
Видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа пламен и чад од BAE Systems во Burrow-in-Furness.
Две лица се пренесени во болница, но полицијата во Камбрија соопшти дека нема жртви откако пожарот избувнал рано утринава околу 00:30 часот.
Полицијата соопшти дека пожарот се гаси и дека луѓето се евакуирани од Док Хол во Девоншир. Додаваат дека нема нуклеарен ризик.
#UPDATE: Two people taken to hospital after fire at nuclear submarine shipyard in Cumbria, northern england 🏴 https://t.co/Wr2LEnaHMl pic.twitter.com/knwWZVcGt6
— Breaking news 24/7 (@Breaking7Newss) October 30, 2024
Полицијата во Камбрија, исто така, ги советуваше луѓето што живеат во близина „да останат во затворени простории додека службите за итни случаи не се справат со проблемот и да ги држат вратите и прозорците затворени“.
Таму се произведува широк спектар на воена опрема и технологија – вклучувајќи нуклеарни подморници, борбени авиони, тенкови и бродови, како и оружје и муниција.
Исто така, произведуваат и фрегати од типот 26 за Кралската морнарица и прави системи за електронско војување за борбени авиони Ф-35.
Компанијата ги гради нуклеарните подморници Ostut и Dreadnought за морнарицата во нејзиниот објект Burrow-in-Furness.