651
Голем пожар попладнево ја зафати фабриката за млечни производи Хит-73 во Камењане. Голем чад се издига над општината Боговиње.
Фабриката е оддалечена на околу 10 километри од центарот на Тетово.
Бројни противпожарни екипи се обидуваат да го изгаснат огнот кој брзо се проширил речиси на целата фабрика. Официјално сѐ уште не се познати причините за пожарот.
Со оглед дека пожарот е многу голем на помош на тетовските пожарникари им доаѓаат екипи од Скопје, Гостивар и Кавадарци, соопштија од Центарот за управување со кризи.