(Видео) Гори болница во Техеран

by Fokus

Голем пожар денеска избувна во болницата „Ганди“ во Техеран, јавија локалните медиуми, прикажувајќи снимка од пожарот кој ја зафатил едната страна од зградата.

Портпаролот на противпожарната служба во Техеран, Џалал Малаки, објави дека пожарот избувнал во 19 часот по локално време и дека на местото на настанот се испратени пожарникари, пренесува Ројтерс.

Не се знае дали има жртви или повредени.

Поврзани новости