ВИДЕО: Ѓорѓе Давид ја преработи ултимативната химна на групата ЕКВ ,,Пар година за нас”

by Fokus

Има некоја тајна врска… Обработка на песната ултимативната химна на групата ЕКВ ,,Пар година за нас” ја направи Ѓорѓе Давид со неговиот бенд,а снимија и спот. Овие денови е актуелен, поставен е на you tube има многу прегледи,а тв станиците во Србија постојано ги канат за свој гости во емисиите.

Зошто токму оваа обработка? Ѓорѓе Давид објаснува: оваа приказна започнува во 1994г. на 5ти ноември баш на мојот роденден Yu групите Електричен оргазам,Парти Брејкерси и мојата тогашна група имавме голем концерт во спортската сала во Младеновац,Србија.

Се радувавме затоа што тоа беше собир на одлични бендови,преполна сала и знаевме дека ќе има одлична журка,но нажалост после вториот настан на еден од бендовите се појави сега покојниот Душан(Дуле) Ерцеговац кој беше менаџер на бендот Екатерина Велика,а и главен организатор на тој настан соопшти дека Милан Младеновиќ само што починал. Организаторите и шефовите на бендовите решија да не го прекинат концертот туку да продолжи во негова чест и тоа да го кажеме.

Дваесет и осум години подоцна кога го славам својот 58ми роденден се склопија коцките така да од албумот кој го правиме со обработки на екс ју песни да биде обработена и ултимативната химна на ЕКВ ,,Пар година за нас”. Од мај месец баравме режисер,сценарио,тон,слика но сите предлози кој ни ги даваа некако не ни се допаѓаа,се до моментот кога се појави Вук Протиќ Халуџа кој излезе со своја идеја и се покажа одлична.

Има некоја тајна врска дефинитивно кога се прават нештата со многу достоинство, почитување,внимание кон великаните кој воспитувале многу генерации,а еден од нив е Милан Младеновиќ како автор. Реакциите за обработката,за спотот се многу позитивни иако е многу тешко за ваква химна кога се обработува да се долови позитивна рокенрол емоција ,на моја голема радост успеавме!!

Поврзани новости