775
Во големиот пожар кој зафати околу 500 хектари во општина Предвор, 30 километри северно од Љубљана, досега изгореа пет викенд-куќи, а повредени се неколку пожарникари кои се уште се борат со пожарот.
Според информациите, пожарот избувнал во текот на вчерашниот ден, а пожарникарите се уште не успеале да го локализираат, и покрај тоа што на помош им пристигнал хеликоптер на словенечката армија, кој фрлал големо количество вода на огнот.