(ВИДЕО) Голот на Барди избран за гол на колото во Лига Европа

by fokus

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера во Лига Европа постигна прекрасен гол од слободен удар, кој навивачите го избраа за најубав гол на колото.

Барди за својот Трабзонспор го постигна третиот гол на натпреварот против Монако, откако итро биеше под живиот ѕид. Резултатот на крајот беше 4-0 за турскиот тим.

-Знаев дека живиот ѕид се подготвува да скокне, не видов никого дека легнува зад нив па си реков дека ќе шутирам по земја. И испадна онака како што очекував, изјави Барди по натпреварот.

 

Поврзани новости