Припадниците на руското Министерство за вонредни ситуации цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи на Крим и им пружале помош, пренесува РИА Новости. Денеска на Крим е неработен ден поради невремето, а надлежните служби ги предупредија граѓаните дека се очекуваат урагански ветрови и дожд со снег.
Crimea was hit by a severe storm
Hurricane winds of up to 40 meters per second are ripping out trees and tearing off roofs. Many districts of Yevpatoria are flooded, and public transport has been halted in Sevastopol.
The storm has reached Russia: the strongest winds are raging… pic.twitter.com/NKHH5C9LFS
— NEXTA (@nexta_tv) November 26, 2023
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалната мрежа Х тврди дека во невремето биле оштетени одбранбените структури кои Русите ги изградиле на брегот на Крим.
A storm washed away trenches in occupied Crimea that Russian army dug out on the beaches.
According to information from Crimean media, in Yevpatoria the water washed away the defense line on the coast, engineering buildings and firing positions.
The speed of wind at the coasts… pic.twitter.com/D9fFoISSYK
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 26, 2023
„Невремето ги однесе рововите ископани од руската армија на окупираниот Крим“, напиша Герашченко на X.
„Според информациите на кримските медиуми, водата во Евпаторија ја уништила одбранбената линија на брегот, зградите во кои престојувале инженерите и борбените позиции. Брзината на ветрот на бреговите на окупираниот Крим достигнува 115-130 километри на час, брановите се високи 8-9 метри. Во планините на Крим дува ветер и до 150 километри на час“, рече тој.
Независниот воен аналитичар Х. И. Сатон, исто така, објави на X дека бурата го опустоши Крим и ја спореди ситуацијата пред бурата со ситуацијата по неа.
How it started. How it's going.#Russian beach defenses in Crimea being hit hard by the storm, possibly much washed away.
(Photos not exact same location, but good indication what to expect) pic.twitter.com/o1AfM4Eda1
— H I Sutton (@CovertShores) November 26, 2023