837
Најмалку пет лица го загубија животот во невремето што зафати неколку европски земји, а неколку лица се повредени.
Како што пренесуваат медиумите, особено е сериозна ситуацијата во Германија, каде две лица загинаа во Саксонија-Анхалт кога дрвја паднале врз нивните автомобили.
Во Хамбург поради невремето три лица се здобиле со полесни повреди на траект кој бил погоден од бран и ги искршил прозорците.
Оштетени се домови и во Полска, Чешка, каде брзината на ветрот достигнала и до 120 километри на час, оставајќи многу семејства без струја.