Силен ветер, дожд, град и електрични празнења, ја погоди речиси целата територија на Албанија, предизвикувајќи поплави, материјална штета врз возила и објекти, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Посебно погодени подрачја се околиите на Ѓирокастро, Валона, Саранда, Корча и Шенѓин, каде ветрот корнеше дрвја, што предизвика и застој во сообраќајот.
Невремето е причина за повеќе сообраќајни несреќи во кои се повредени повеќе лица. Во една од сообраќајките учествувало возилото на руската амбасада, при што полесно е повреден возачот на автомобилот. Во сообраќајка во близина на Подградец повредени се десет лица кои патувале со џип, што излетал од патот поради силното невреме и неприлагодената брзина на движење на условите на патот.