Винаријата „Лозар“ Велес и Благоја Механџиски во организација на СОС БАЛКАНМЕДИА и ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид донираа алкохол за медицински потреби за јавните здравствени установи во државата, кој во моментот е неопходен и дефицитарен.
Околу 200 литри алкохол беа донирани за медицински потреби на ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ во Прилеп, кој беше еден од жариштата на опасниот Ковид 19. Донацијата ја прими градоначалникот на Прилеп доктор Илија Јовановски во присуство на директорот на ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ д-р Драги Богојески.
Градоначалникот на Прилеп, Јовановски изрази посебна благодарност до Винарија „Лозар “ Велес, Благој Механџиски, и организаторите СОС БАЛКАНМЕДИА и ЈП „Охридски Комуналец“:
„Сакам да упатам благодарност до бизнисменот Благоја Механџиски и Винаријата „Лозар“ од Велес заедно со СОС БАЛАКАНМЕДИА Охрид и ЈП Охридски Комуналец, кои што заедно донираа 200 литри алкохол 76% за намена и корист во Општата боница во Прилеп. Во ова време на Ковид 19 кога најмногу ни е потребно дезинфекционо средство, оваа донација ќе биде упатена и сигурен сум дека најсреќни ќе бидат вработените во болницата, а уште повеќе пациентите на кои вистински им е потребен“,истакна Јовановски.
-700 литри алкохол за медицински потреби беа донирани и на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, онаму каде во овој момент е најпотребен. Таму се хероите кои ја пишуваат новата историја на македонското здравство. Донацијата од 700 литри алкохол за медицински потреби ја прими раководителката на клиничката аптека на скопската клиника Мирјана Пехчевска.
50 литри алкохол за медицински потреби беа донирани и во општата болница „ Д-р Русе Бошковски“ во Ростуше. Донацијата беше примена од страна на директорот на болницата, Омер Дурмиши и господинот Фатон Асани кој има посебни заслуги во борбата против Ковид 19.
Исто така, 50 литри алкохол за медицински потреби беа донирани и во ЈЗУ „Општа Болница“ во Дебар, град кој беше првото регистрирано жариште на Ковид 19 во Македонија. Донацијата ја прими директорот на болницата Д-р Баки Алили и господинот Фатон Асани кој има посебни заслуги во борбата против Ковид 19.