ВИДЕО Голема акција во Србија за апсење на педофили

by Фокус

Српската полиција во Белград уапси 11 лица поради постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетни лица за порнографија.

-Во акцијата „Армагедон“ денес се уапсени 11 лица кои ширеле детска порнографија, снимале и споделувале порнографски содржини со малолетни лица. Овие 11 лица ги контактирале децата преку интернет и договарале средби со нив за сексуални односи – изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

При претресот на становите на осомничените, најдено е големо количество порнографски снимки и фотографии со малолетни лица, содржини со сексуална експлоатација на деца од 5 до 12 години, како и други фотографии и снимки на кои деца се злоупотребени во порнографски цели.

Поврзани новости