Цело летувалиште во јужна Италија, во кое се сместени околу илјада туристи, денеска е евакуиран поради сериозен шумски пожар. Луѓето беа однесени на безбедно од комплексот Баја Сан Феличе во близина на градот Виесте на брегот на Јадранот, бидејќи пожарот опасно се приближил.
#Vieste (FG), #incendio boschivo a Baia San Felice, proseguono le operazioni di spegnimento dei fronti di fiamma: #vigilidelfuoco impegnati con squadre a terra, 3 #canadair e 2 elicotteri. Intervento in corso [#24luglio 18:00] pic.twitter.com/zJSSW4xW9S
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) July 24, 2024
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани повеќе противпожарни единици. За гаснење на огнот од воздух се користеа авиони, но првично без голем успех. Властите велат дека силниот ветер го свртел пожарот кон туристичкото место. Температурите на југот на Италија веќе неколку дена се над 30 Целзиусови степени, а речиси и да нема дожд во последните недели.
Градоначалникот на Виесте, Џузепе Нобилети, изрази сомнеж дека пожарот е подметнат пожар на телевизискиот канал РАИ. „Ова беше петти обид за една недела, а беше засаден утрово“, рече тој.