(Видео) Голем пропалестински протест во Мелбурн: постери од Хитлер маскиран со ликот на Нетанјаху

by Fokus

Околу 20.000 луѓе денеска учествуваа на пропалестинскиот митинг во Мелбурн, Австралија, соопшти локалната полиција. Собирот помина мирно без никакви проблеми и апсења, изјави началникот на полицијата Адам Вест.

Рекорден број демонстранти го запреа сообраќајот во центарот на Мелбурн. Учесниците на митингот носеа натписи на кои пишуваше „Правда за Палестина“ и „Албанесе не можеш да се сокриеш, ти поддржуваш геноцид“. Ентони Албанес е премиерот на Австралија.

Ова беше шести австралиски протест против војната во Газа оваа недела. Пропалестински митинзи се одржаа во петокот вечерта во Аделаида, а вчера во Сиднеј и Бризбејн. Други протести се одржаа во Перт и Бризбејн.

Полицијата започна истрага откако на два прометни патишта во Сиднеј беа истакнати транспаренти на Адолф Хитлер кој ја вади маската со ликот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Австралиското еврејско здружение ги објави фотографиите на социјалните мрежи, а покрената е и истрага.

Илјадници демонстранти се собраа и во Вашингтон и големите градови низ Европа, повикувајќи на прекин на огнот.

Поврзани новости