Голем пожар попладнево избувна во фабрика за бои и лакови во тетовското село Фалише.
Тетовските пожарникари не можат да се справат со огнената стихија, па на помош пристигнаа екипи од Гостивар.
На местото на настанот пристигна и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ,,Еуроком”. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.
Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.
Од ЦУК препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не пресстојуваат надвор, на отворено.