308
Голем пожар изби доцна синоќа во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев објави дека пожарот бил локализиран во 1 и 30 по полноќ.
Во гаснењето на пожарот интервенирале противпожарни единици од Кавадарци, со екипи од Комуналец, Шумско стопанство „Бор“ и екипи од Велес и од Неготино.
Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне, напиша градоначалникот Јанчев.