Синсија дал Пино (65), бизнисменка од италијанскиот град Виареџо, беше обвинета за убиство на бездомникот Саид Малкун (47), кој неколкупати го удрила со автомобил, а потоа само заминала.
Страшниот потег бил снимен од надзорните камери. На видеото се гледа како таа со својот бел џип удира човек. Потоа се врти и уште еднаш удира во човекот, кој потоа останува да лежи на земја.
No! Quella di #CinziaDalPino non è legittima difesa… Lei ha scelto di uccidere l’uomo che l’aveva rapinata poco prima… Aveva movente e l’occasione e l’ha sfruttata.
È omicidio, con le dovute attenuanti, ma è pur sempre omicidio volontario. pic.twitter.com/Rzk5ZDvXOe— Majin79 ♋ (@Majin79) September 12, 2024
Жената со својот автомобил ја удрила жртвата четирипати, а потоа излегла од автомобилот, ја зела чантата и заминала без да ја провери состојбата на мажот и дали му е потребна лекарска помош.
Кога судијата и одредил домашен притвор, таа само рекла:
– Само сакав да го спречам човекот кој ме ограби.
Дал Пино пред судот изјавила дека не сакала да го убие мажот, туку само сакала да го спречи бидејќи и ја украл чантата. Таа вели дека не повикала полиција бидејќи нејзиниот мобилен телефон бил во украдената чанта.
– Тој човек ми се закануваше со нож – низ солзи им кажала на истражителите на полициската станица во Виареџо.
Меѓутоа, кај мажот кој автомобилот го згмечил не бил пронајден нож. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го утврдува вистинскиот идентитет на Саид Малкун, Алжирец без фиксна адреса и неколку кривични пресуди.
Познато е дека во Италија пристигнал во 2004 година без дозвола за престој, дека има голем број пресуди за кражби и разбојништва, дека за време на талкањата во Италија поминал низ Милано и Палермо и бил депортиран.