(ВИДЕО) Го искршил салонот – сакал да го врати купениот автомобил, не му ги враќале парите

by Fokus

Необичен инцидент се случил во градот Сенди (американската држава Јута), а полицијата интервенирала во автосалонот „Tim Dale Mazda Southtowne“.

Еден од вработените го снимил моментот кога Мајкл Ли Мареј (35) влетал низ прозорецот со автомобилот што го купил претходно, истиот ден, пренесува Newsweek.

Локалната полиција соопшти дека Мареј купил нов „Subaru Outback“, а подоцна побарал да го врати, со рефундирање.

Но, вработените одговорија дека тоа е невозможно, според купопродажниот договор.

„Мареј рече дека ќе вози низ влезната врата. Излегол, влегол во автомобилот и влетал внатре. Инцидентот се случил во понеделникот, околу 16 часот“, соопштија надлежните.

Во извештајот се вели дека скршено стакло е насекаде низ продавницата, а металната рамка на влезната врата оштетила уште едно возило во салонот.

Штетата се проценува на 10.000 долари, а Мареј е во притвор и е осомничен за повеќе кривични дела.

Поврзани новости