Турист кој престојувал во хотел во Турција имал проблем со клима уредот во својата соба и случајот го пријавил на рецепција, но откако вработените се однесувале незаинтересирано, решил да протестира во ресторанот на хотелот.
Тој го донел душекот од креветот во ресторанот и легнал на него за да „спие во климатизирана соба како што му било ветено во хотелската понуда“.
Откако го направил тоа, хотелот веднаш ги испратил своите вработени да го решат проблемот.
Antalya’da bir otelde tatil yapan müşteri, odasındaki klimanın bozulmasıyla yetkililerin ilgilenmediğini söyleyerek restorana yatağını götürüp orada yattı.
Bunun üzerine sorun çözülürken, inceleme yapmak üzere otele Bakanlık yetkilileri geldi.
— 🎙 Muhbir (@ajans_muhbir) July 20, 2024
Човекот доби огромна поддршка во коментарите на видеото објавено на социјалната мрежа Х.
„Бидејќи клима уредот не работеше, туристот покажа оправдана реакција. Плаќате илјадници лири и добивате сауна“, гласи еден од коментарите.
„Аплауз за овој човек, така се прави тоа“, додаде друг корисник.
„Ова е кралски потег, браво“, додаде трет.