(ВИДЕО) Германците го слават Филкруг – Унгарците по 100 минути ја „скршија“ Шкотска

by Fokus

Фудбалските репрезентативци на Германија во судиското надополнување успеаја да избегнат пораз и го скршија отпорот на Швајцарија за конечни 1-1 со што го задржаа првото место на табелата во групата А на Европското првенство 2024.

Швајцарија поведе со голот на Ндоје во 28 минута. По бројните шанси, голот за израмнување падна во 92. минута, стрелец Никлас Филкруг.

Во осминафиналето Германија ќе се судри со второпласираната селекција од групата Ц (Англија, Данска, Словенија или Србија), додека Швајцарија ќе оди на мегдан со второпласираниот во групата Б (Шпанија, Италија, Албанија и Хрватска).

Фудбалските репрезентативци на Унгарија во самиот финиш успеаја да го скршат отпорот на Шкотска, мораше да се играат дури сто минути игра – славеа со 0-1.

Долго време мрежите мируваа во Штутгарт, немаше вистински шанси и двете селекции беа многу резервирани. Во десеттата дополнителна минута Кевин Шобот стрелаше за победа на Унгарците и огромно славје.

Со оваа победа избраниците на Марко Роси се третопласирани во групата А и имаат шанси да одат понатаму, меѓутоа засега ќе ги чекаат резултатите од другите натпревари од другите групи.

Поврзани новости