(Видео) Гаши: Годината што доаѓа ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено, но и просперитетно

by Fokus

Годината што ја оставаме зад нас имаше предизвици, но и суштински промени, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши во своето видеообраќање со кое на граѓаните им ја честита Новата 2025 година.

„Новогодишните празници се совршен момент да рефлектираме за она што го поминавме и да го отвориме патот за новата година, со нови можности. Нашето Собрание по политичката ротација годинава има нов состав и динамика. Покажавме сериозен ангажман во зголемувањето на транспаретноста и парламентарната дипломатија. Годината што доаѓа ни нуди можност да работиме за поправедна и поразвиена држава, во која сите живеат достоинствено, но и просперитетно“, вели Гаши.

Во однос на аспирациите на земјата, претседателот на Собранието вели дека сечија посветеност е клучна за нивно остварување.

„Затоа надвор од какви било разлики, да работиме заедно и да ја направиме реалност оваа држава идеална со нашите заеднички вредности. За крај, дозволете ми во мое лично име, во името на пратениците и во името на Собранието да ви ја честитам Новата година со желби за здравје, мир и среќа, вам и на вашите семејства. Срдечно среќна Нова 2025 година“,порача Гаши во новогодишното обраќање.

Поврзани новости