421
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на прес-конференција направи гаф кој ги насмеа сите во салата, а набрзо стана вирален на интернет, пишуваат хрватските медиуми.
На конференцијата на хрватското Министерство за здравство се разговараше за здравствената реформа, а Берош сакаше да употреби позната народна мудрост, но направи лапсус, кој ги насмеа сите.
„Здравиот човек има сто жени“, вели Берош и предизвика смеа кај сите присутни во салата.
Потоа се смее и вели дека ова му се случило по втор пат.
„Ќе се поправиме и ќе кажеме дека болен има само една желба. Секако, тоа е неговото закрепнување“, изјави Берош.