(ВИДЕО) Г.г. Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме

by Fokus

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија информира дека со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Според соопштението испратено од МПЦ-ОА, „во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата“.

„Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје“ стои во соопштението.

Во продолжение видео обраќањето на поглаварот г.г. Стефан:

Поврзани новости